Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја напушта репрезентацијата на Аргентина, но само привремено, соопштија шпанските медиуми. „Гаучосите“ испаднаа на светското првенство уште во осминафиналната рунда, а Меси вели дека неуспехот го преживеал многу тешко.
Тренерот Хорхе Сампаоли си замина, а како привремени селектори во тимот се поставени Скалони и Аимар. И двајцата не успеале да го убедат Меси да продолжи со редовни настапи, но играчот им ветил дека ќе ја разгледа целата ситуација пред да донесе конечна одлука.
Како резултат на оваа одлука, Меси нема да учествува во контролите против Гватемала и Колумбија во септември, но и на дерби против Бразил во октомври.