Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да игра против Њујорк Сити во натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата.
36-годишниот Аргентинец веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3:1) и Њујорк Ред Бул (0:4).
„Лео работи со физиотерапевти. Тој е надвор од групата за викенд мечот. Тој нема да биде достапен бидејќи се обидуваме да направиме се што е можно за да може да игра на домашен терен следната среда против Монтереј“, изјави членот на стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес.
Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше уште 2 асистенции.

