Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси заминал на одмор во Саудиска Арабија, иако до крајот на сезоната има уште две кола во Франција.
Напаѓачот ги искористи неколкуте слободни денови и замина на одмор со својот соиграч Леандро Паредес на Црвеното море.
Двата натпревари што треба да ги одигра ПСЖ се неважни, откако тимот ја обезбеди титулата во Лига 1. Најверојатно Меси нема да игра на нив и затоа замина порано на одмор.

