Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси вчера напладне ги изненади сите со слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Светскиот шампион со Аргентина година пристигна со семејството и најблиската придружба.
Ѕвездата на светскиот фудбал доби неколку дена одмор и ја искористи можноста да се врати во градот. Сепак, медиумите посочија дека Меси слетал со 15 куфери, што остава прашање дали тој се сели во Барселона.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на лето. Претседателот Лапорта и тренерот Чави бараат решение за да му обезбедат нов договор и враќање на Камп Ноу.