Барселона претрпе тежок пораз со 0:3 од Јувентус и првпат по 13 години не заврши како победник во својата група во Лигата на шампионите. Каталонците губеа со 0:2 до 20-та минута. Оваа екипа никогаш не дозволила да прими два гола толку брзо на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите.
Барса е исто така единствената екипа која победила на првите 5 натпревари во групата, но не завршила на врвот на табелата. Барселона освои 15 поени, но исто така и Јуве, кој е подобар во директните натпревари благодарение на синоќешниот резултат. Излегоа и интересни статистички податоци поврзани со Лионел Меси. Аргентинецот упати 11 удари кон голот на Јувентус, но никогаш не успеа да постигне гол. 7 удари на Меси одбрани ветеранот Џанлуиџи Буфон (3 во првото полувреме и 4 во второто). Од преостанатите удари на Лео, три беа блокирани од противничките играчи, а еден излезе надвор од теренот.
Од сезоната 2003/04, кога се води прецизна статистика за ваквите податоци, ниту еден играч во Лигата на шампионите немал 7 удари кон противничкиот гол без да постигне погодок.

