Меси со нов рекорд во Примера: Постигна најмалку 25 гола во 12 последователни сезони

0

Напаѓачот и капитен на Барселона, Лионел Меси е единствениот фудбалер кој постигнал најмалку 25 гола во Шпанскиот шампионат во 12 последователни сезони, пренесуваат медиумите во Шпанија.

На натпреварот од 31-то коло во шпанскиот шампионат со Хетафе (5:2), 33-годишниот Аргентинец постигна два гола. Сега има 25 гола и 9 асистенции во тековната сезона. Во март Меси го повтори и го надмина рекордот на легендарниот Бразилец Пеле по бројот на голови во еден шампионат.

Покрај тоа, Аргентинецот освои 35 трофеи со Барселона. Победи 10 пати во Шпанското првенство, 7 пати во Купот на Шпанија, 8 пати во Суперкупот на Шпанија, 4 пати во Лигата на шампионите, 3 пати во Суперкупот на УЕФА и 3 пати во клупскиот светски шампионат.

Share.

Leave A Reply