Аргентинецот, Лео Меси, ќе остане во Барселона уште две години, објавија медиумите во Шпанија. На неговата одлука влијаше доаѓањето на неговиот близок пријател Серхио Агуеро на стадионот – „Камп Ноу“.
33-годишниот Меси во претходната сезона одигра 47 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 38 голови и направи 14 асистенции.
Иако имаше одредени најави дека ќе замине во Манчестер Сити или ПСЖ, аргентинскиот фудбалер се определи да ја продолжи соработката со каталонците за уште две години.
