Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси се очекува да учествува во МЛС натпреварот против Торонто, пренесува „ЕСПМ Аргентина“. Напаѓачот може да биде во стартниот состав или да влезе од клупа.
Меси не учествуваше на последниот натпревар на неговиот тим на гостувањето кај Атланта Јунајтед (2:5). Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, отсуството на Аргентинецот го објасни како замор на мускулите.
Во текот на вчерашниот ден Лионел Меси целосно учествуваше на тренингот на тимот. Сепак, Мартино се уште не потврдил дека Меси ќе настапи на претстојниот натпревар со канадскиот клуб. Истото важи и за дефанзивецот Жорди Алба, кој не играше во Атланта.
„Меси и Алба ќе тренираат целосно со тимот, а потоа ќе видиме дали се подготвени за игра и до кој степен. Од среда ќе имаме шест натпревари за 18 дена, односно по еден на секои три дена, вклучувајќи го и финалето на УС Опен Купот. Имаме многу важни натпревари да одиграме во краток временски период. Една од моите обврски како тренер е да се грижам за моите играчи и да им помогнам да донесат тешки одлуки кои ќе им дадат најдобри шанси да ги одржат сите здрави во овој стресен период“, рече Мартино.