Големата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси е убеден дека го направил вистинскиот избор кога се определил да ја продолжи кариерата во Франција.
Аргентинецот по речиси дваесет години го напушти стадионот – „Камп Ноу“ и како слободен агент се пресели на -„Паркот на принцовите“.
Меси во интервјуто за „Франс Фудбал“, потенцираше, дека верува во проектот што му го претставил неговиот нов тим. „Не згрешив што се преселив во ПСЖ“ – вели Меси.