Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Меси ветува дека Барселона ќе игра подобро
    Фудбал

    Меси ветува дека Барселона ќе игра подобро

    risteBy riste03/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лионел Меси вети дека Барселона ќе продолжи да се подобрува откако Каталонците синоќа со пресврт го совладаа Интер со 2:1 во Лигата на шампионите.

    Шпанскиот шампион повторно имаше сериозни проблеми, најмногу во првиот дел, но потоа успеа да дојде до своите први три бода во групата по головите на Луис Суарез.

    „Знаевме дека не бевме најдобри, и ни требаше оваа победа, што е многу добро за нас. Победивме два важни натпревари бидејќи Хетафе е секогаш тежок за игра и иако ни требаше повеќе време, сигурен сум дека ќе продолжиме да се подобруваме“, рече Меси по мечот со Интер.

    „Одигравме нерешено на нашата прва средба, па победата беше неопходна на овој меч. Воопшто не беше лесно, бидејќи Интер е сериозен тим со силни играчи и тоа беше видливо во првото полувреме. Во вториот дел, сепак, успеавме да ги притиснеме, започнавме да создаваме шанси, за среќа, постигнавме два гола, иако се бранеа со многу играчи“, додаде Меси.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.