Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го коментираше своето достигнување во националниот тим во кое го надмина легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона .
„Дознав дека неодамна го срушив неговиот рекорд. Јас не знаев дека сум го направил тоа. Среќен сум што можам да продолжам да поставувам вакви рекорди. Верувам дека Диего би бил многу среќен за мене, бидејќи секогаш ми покажуваше голема љубов. Тој секогаш беше среќен кога ми одеше добро“, рече Меси. Лионел Меси стана најстариот играч кој дриблал пет или повеќе пати и создал пет или повеќе шанси за гол на еден натпревар на Светското првенство. Претходниот рекордер беше Диего Марадона, кој постигна слично достигнување на светското првенство во 1994 година, објави „Опта Џо“ на „Твитер“.
Претходно, Лионел Меси го собори рекордот на Марадона по бројот на одиграни натпревари на Светското првенство. Вчера, Меси го одигра својот 22-ри натпревар на Светското првенство за репрезентацијата на Аргентина, а со тоа го надмина Марадона по овој показател. Репрезентацијата на Аргентина во 1/8 финалето ќе игра со Австралија.