Играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил категорично демантираше дека ќе направи трансфер во друг тим во јануари. Ова го изјавиле за „ESPN“ луѓе блиски на фудбалерот.
Германецот неколку пати не влезе во игра оваа сезона, а менаџерот Унаи Емери ја оправда својата одлука со „тактички причини”. Се шпекулираше дека Озил ќе замине од Лондон за време на зимскиот преоден рок. Но, тој е сигурен дека може да ја добие довербата на менаџерот. Плејмејкерот го обнови договорот со клубот минатата сезона и добива по 300.000 фунти неделно.
Играчот ги пропушти последните два натпревари против Ливерпул и Фулам поради повреда на коленото која ја доби во натпреварот против Брајтон на „Боксинг деј“.