Ракометниот состав на Металург на официјалниот веб-сајт го промовираше најновото засилување, Улисис Рибеиро, кој во изминатата сезона играше за Хари Ап од Холандија. Таму на 13 настапи постигнал 33 голови.
Португалецот кој претходно го носел дресот на Мадеира и Сао Бернардо, може да игра како лево крило и како среден бек. Тој потпиша двегодишна соработка и стана шесто летно засилување за екипата од Автокоманда.
Металурзите претходно ги договорија браќата Њокас кои играат на бековските позиции, пикерот, Костадин Петров, голманот, Димитар Бардаковски и средниот бек, Бобан Каковски.