Годинешниов освојувач на Лигата на шампионите – Челзи, најави дека ќе се ослободи од повеќе фудбалери за да може да собере доволно пари и да ги купи Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) и Ашраф Хакими (Интер).
Нивните трансфери се процените на вкупни 220 милиони евра. Според најавата, челниците од – „Стемфорд Бриџ“ планираат да ги продадат: Запата, Палмиери, Алонсо, Зума, Ампаду, Томори, Рахман, Тимуе Бакајоко, Дринквотер, Жоржињо, Баркли, Батшуаи и Тами Абрахам.
Лондонскиот клуб се надева ќека ќе продаде најмалку 7-8 фудбалери и дека ќе заработи повеќе од 100 милиони фунти.

