Тренерот на фудбалерите на Џирона – Мичел, ја прокоментира победата со 4:2 на теренот на Барселона во 16. коло на шпанската Ла Лига. Успехот го врати тимот од Каталонија на првото место на табелата.
„Во првото полувреме примивме израмнувачки гол поради нивната доминација но, по паузата имавме добар посед. Темпото на игра беше многу високо“ – вели Мичел.
„ Многу сум среќен што го одиграв мојот 100-ти натпревар во Ла Лига со победа против Барселона. Првата цел беше да се спасиме од испаѓање. Сега сакаме да играме во Европа “ – изјави Мичел.

