Тренерот на фудбалскиот состав Болоња, Синиша Михајловиќ е позитивен на Ковид-19, потврди денеска италијанскиот состав.
Тој нема видливи симптоми, но, е ставен во изолација. Српскиот стратег влегува во ризичната група бидејќи во јули во 2019-та му беше дијагностицирана леукемија по што имаше неколку циклуси на лечење со хемотерапија.
Болоња соопшти дека целиот тим бил тестиран и дека сите резултати се негативни освен на Михајловиќ.

