Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ и и стратегот на Сампдорија, Клаудио Раниери, добија забрана да седат на клупата на наредниот натпревар откако заработија исклучување во претходното коло во Серија „А“.
Михајловиќ дополнително е казнет и со 15.000 евра бидејќи не престана да ги навредува вербално судиите на мечот со Интер откако беше испратен на трибините.
Во исто време, Дисциплинската комисија на италијанската федерација ги казни со еден меч забрана за настап и играчите на Рома, Хенрик Мхитаријан и Брајан Кристанте.