Тренерот на Болоња, Синиша Михаиловиќ изјави дека неговиот тим ќе игра за да победи на гостувањето кај Јувентус.
„Ги пофалив момците, тие тренираа добро пред натпреварот со Јувентус. Торино е прекрасен град, но ние не дојдовме овде да разгледуваме градот, имаме поважни работи. Јас секогаш играм за да победувам. Пирло? Драго ми е што тој е на чело на Јувентус“ изјави Михајловиќ за „Газета дело Спорт“ пред гостувањето кај Јувентус.
Јувентус ќе се сретне со Болоња утре, 24 јануари. Болоња има 20 поени на 18 натпревари и е на 12-то место на табелата во италијанскиот шампионат, додека актуелниот шампион Јувентус има 33 поени и е на петтото место по одиграни 17 натпревари.