Селекторот на полскиот национален тим Чеслав Михњевич, изјави дека не постои начин да се сопре францускиот фудбалер Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ имаше два гола и една асистенција и беше човек за одлука на вчерашниот меч со Полјаците.
„Како тренер, не постои магичен рецепт да се сопре Мбапе. Фантастичен играч и не тераше многу да грешиме“, рече Михњевич.
Тој не крие дека е задоволен од ефектот бидејќи Полска по цели 36 години успеа да ја помине групната фаза.