Предраг Мијатовиќ верува дека Лука Модриќ нема да има епизодна улога во дресот на Реал Мадрид во новата сезона иако на последниот пријателски меч со Барселона беше на клупата заедно со Тони Крос.
„Модриќ одлучи да остане уште една сезона бидејќи знае што може да понуди. Нема да прифати статус на резерва и ќе се бори и ќе тренира како и досега“ – вели Мијатовиќ.
„Тој знае дека Анчелоти ќе го искористи неговото искуство и ќе му даде можност да биде на теренот“ – потенцираше Мијатовиќ.