Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ремизираа на теренот на Вилјареал (2:2) и не успеаа да направат прогрес на табелата во Примера Дивизион. Тоа воопшто не му се допаѓа на Предраг Мијатовиќ, кој изрази песимизам околу натамошната форма и резултатите на „кралевите“.
„Тешко ми е да го гледам Реал во сезонава. Одигра одлично прво полувреме со Вилјареал и кога помисливме дека се ќе биде добро, одигра катастрофално во второто полувреме.Таквиот однос на играчите не ми влева никаков оптимизам“ – потенцира Мијатовиќ во изјавата за „Ел Ларгеро“.
„Мене ми се допаѓа Бејл, но, тој не е играчот кој треба да биде лидер на тимот по заминувањето на Кристијано“ – потенцирашен Мијатовиќ.