Еден од најдобрите играчи на Евро 2024, Жорж Микaутадзе и официјално стана играч на Лион. Синоќа францускиот тим го потврди трансферот.
Страните потпишаа четиригодишен договор. Договорот го чини клубот од Лион 18,5 милиони евра плус 4,5 милиони можни бонуси.
Микаутадзе втората половина од минатата сезона ја мина во Мец, кој испадна од Лига 1.
23-годишниот напаѓач на европскиот шампионат со три гола се најде меѓу најдобрите стрелци на првенството.

