Тренерот на Арсенал, Микел Артета за првпат во кариерата го победи Манчестер Сити во англиското првенство и благодарение на овој резултат се запиша во листата на тренери кои ги победиле сите премиерлигаши со кои играл неговиот тим.
Според прес-службата на Премиер лигата на социјалните мрежи, Артета победи вкупно 24 противници во лигата. Рекордер за овој индикатор е поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер – тој и неговите „топчии“ го победија секој од 46-те тимови. Вториот според овој показател е поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон – 44 победени противници.
Да потсетиме, Арсенал го победи Манчестер Сити 1:0, а единствениот гол беше постигнат во 86. Минута од страна на Габриел Мартинели.

