Фудбалскиот интернационалец од Нигерија, Џон Оби Микел, кој некаде од март годинава беше слободен играч откако го напушти турскиот состав, Трабзон, повторно ќе игра во Англија.
Црномурестиот играч кој десјтвува во средината на теренот се определил да ја прифати понудата на Стоук и да се врати на Островот. 33-годишниот ветеран кој ќе работи под диригентската палка на Мајкл О`Нил, ќе се обиде да му помогне на тимот на Стоук да се врати во Премиер лигата.
Оби Микел има искуство од англискиот фудбал бидејќи цели 11 сезони го носеше дресот на Челзи а во еден краток период настапуваше и за Мидлзборо.