Македонската таеквондистка и олимпијка, Милијана Рељиќ освои сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранкинг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028.
Во првото коло во рамките на Меѓународниот таеквондо турнир „Шведска опен“ Г-1, Рељиќ беше поуспешна со 2:0 од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, а во второто коло ја победи и шведската репрезентативка Тиндра Андерсон со 2:0 во рунди.
Во полуфиналето Мила издвојува победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1 во рунди. Во финалето за жал беше поразена од Дора Мештровиќ од Хрватска.
Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија семиори +87кг. Горјан, со победата од 2:0 во рунди над Расму Бремдинг од Шведска обезбеди бронзен медал, откако во полуфиналето беше поразен од Густав Карлсон, исто така од Шведска.

