Милан нема да може да смета на напаѓачот Анте Ребиќ во првите три натпревари во Лига Европа следната сезона. Хрватот треба да ја издржи казната што ја доби додека го носеше дресот на Ајнтрахт (Франкфурт).
Ова значи дека тој нема да може да им помогне на „росонерите“ во натпреварите од прелиминарните рунди на Лигата на Европа.
Ребиќ доби црвен картон во 44. минута од натпреварот на Ајнтрахт против Стразбур на 3 август 2019 година. Неговите протести му донесоа сериозна казна од пет натпревари, која подоцна беше намалена на три.