Италијанскиот тим Милан останува без услугите на својот фудбалер Џакомо Бонавентура до крајот на сезонат.
Според информациите кои дојдоа од клубот за негово враќање на теренот ќе бидат потребни 8-9 месеци. Играчот беше подложен на операција на неговото лево колено во клиника во Питсбург и нема да игра до крајот на сезоната.
Бонавентура игра за Милан од 2014 година. Оваа сезона има одиграно 10 натпревари за „Росонерите“, а притоа успеа да постигне 3 гола и 1 асистенција.