Милан е блиску до потпишување на нов договор со Тео Ернандез. Договорот на 24-годишниот дефанзивец истекува во 2024 година, но од Милан се договориле со него да го продолжат неговиот престој на Сан Сиро на уште две години. Французинот по потписот сега ќе добива 5 милиони евра по сезона.
Поранешниот играч на Реал Мадрид стана еден од главните играчи на Милан и има голем придонес во развојот на тимот во последните две години.
Неговата добра игра дури поттикна и шпекулации за негов трансфер во Манчестер Сити.

