Милан е блиску до потпишување нов договор со португалскиот напаѓач Рафаел Леао, обајавија дел од медиумите во Италија.
Според истите, двете страни веќе постигнале вербален договор, според кој платата на Леао ќе биде 5 милиони евра годишно по оданочување. Актуелниот договор на Португалецот со Милан истекува во јуни 2024 година.
Покрај тоа, Милан ќе ја покрие и висината на казната на Рафаел Леао. Фудбалерот е казнет со 19 милиони евра поради еднострано раскинување на договорот со Спортинг Лисабон. Рафаел Леао оваа сезона одигра 36 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и осум асистенции. Минатата сезона Леао беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Серија А.