Милан е уште еден клуб заинтересиртан за Тами Абрахам од Челзи

0

Милан е уште еден клуб кој е заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам. Англичанецот го загуби местото во стартниот состав по доаѓањето на Томас Тухел и не е многу задоволен од неговиот статус во клубот.

Речиси е сигурно дека тој ќе побара трансфер ова лето. Не недостасува интерес за Абрахам, а следниот клуб кој ќе се обиде да дојде до неговиот потпис е италијанскиот Милан, тврди „Ивнинг Стандард“.

Сепак, „росонерите“ ќе имаат сериозна конкуренција. 23-годишниот напаѓач го бараат и Астон Вила, Вест Хем и Вулверхемптон. Значи, битката за неговиот потпис се очекува да биде доста сериозна.

Се верува дека Челзи е подготвен да го ослободи Абрахам за сума од околу 40 милиони фунти. Клубот сака да добие сериозна сума за да го пополни својот буџет и да земе нов напаѓач од висока класа на негово место.

Share.

Leave A Reply