Милан продолжува со преговорите за нов договор со Џанлуиџи Донарума, објави денес „Кориере дела Сера“. Италијанскиот клуб му нуди плата од седум милиони евра по сезона на 21-годишниот голман.
Агентот на италијанскиот репрезентативец Мино Рајола веќе ги извести медиумите дека неговиот клиент добил понуди за трансфер од Интер и Јувентус. Пред неколку месеци стана јасно дека Донарума сака плата од 7,5 милиони евра годишно. Актуелниот договор на Донарума со гигантот од Милано истекува во летото 2021 година.
Мино Рајола има намера да вклучи посебна клаузула во договорот на голманот во случај на неуспех на Милан во квалификациите за Лигата на шампионите во следната сезона. Во тековниот шампионат, Џанлуиџи Донарума има одиграно 11 натпревари со тимот на „росонерите“.

