Милан веќе сериозно размислува за нови засилувања во текот на следното лето.
Раководството на „росонерите” ја разгледува можноста да привлече во составот на Џенаро Гатузо доста фудбалери, меѓу кои се издвојуваат имињата на полудефанзивецот на Баерн Минхен Артуро Видал и крилото на Лион Мемфис Депај, пишува во денешното издание на „Тутоспорт“.
Сепак, за да се реализираат ваквите трансфери се ќе зависи од финансискиот статус на клубот. Договорот на Видал со Баерн истекува по една година, но се очекува Чилеанскиот репрезентативец да посака да ја напушти „Алијанц Арена” предвреме. Ова значи дека Милан ќе има можност да го купи поранешниот играч на Јувентус за многу помал износ на трансфер.
Во исто време Мемфис Депај на неколку пати не ја криеше желбата да игра во италијанскиот гигант, велејќи дека е задоволен од интересот кон него на тим како Милан.