Италијанскиот фудбалски шампион Милан, денеска го одржа првиот летен тренинг на кој присуствува и голем број на фанови кои приредија вистинско шоу.
Покрај младинците во тренажниот процес се вклучија и играчите кои настапија во јунските мечеви во Лигата на нации. Утре ќе започнат со работа и Оливие Жиру и новото засилување ,Дивок Ориги. Денеска работеше и Симон Кјаер, кој годинава не настапи на ниту еден натпревар поради тешка повреда.
Тренингот го следеа сите клупски директори – Иван Газидис, Паоло Малдини и Фредерик Масара.

