Скаутите на фудбалскиот состав Милан ги следат интензивно настапите на младиот, Серж Гнабри, кој настапува за германскиот состав Баерн Минхен, соопштува денеска –„Corriere dello Sport“.
Претставниците на „росонерите” деновиве биле забележани како ги следат настапите на репрезентативецот на Германија во евро-квалификациите. Тие го гледале мечот меѓу Холандија и Германија кој им припадна на „панцирите“ со 3:2. Изданието наведува дека Гнабри ќе биде многу корисен за Милан бидејќи може да игра како на крилната позиција така и во средината на теренот.
Евентуалниот договор меѓу Милан и Баерн Минхен може да биде финансиран со продажбата на Хакан Чалханоолу и Сусо. Гнабри во 21 меч во тековнава сезона постигна 9 голови и направи 7 асистенции.