Фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш, кој до прекинот на сезоната во Премиер лигата беше еден од најдобрите играчи во средината на теренот, најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи кариерата во Италија.
Наводно, челниците на Милан имаат намера да донесат засилување а приоритет ќе им биде играчот на „волците“. Невеш пред две години го напушти Порто и за 14 милиони фунти се пресели во најсилната конкуренција на Англија.
Како стојат работите, „росонерите“ најверојатно ќе ги искористат добрите релации со неговиот агент задолжен за трансфери и ќе го ангажираат за наредната сезона.