Милан размислува да испрати понуда за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити за време на зимската пауза. „Росонерите“ итно бараат замена за повредениот Симон Кјаер и клубот го сврте вниманието кон 28-годишниот Французин, објавија медиумите во Италија.
Умтити е многу почесто на клупата на Барселона и не е дел од плановите на тренерот Чави. Каталонците со задоволство ќе се ослободат од него. Тој има договор до 2023 година и зема многу сериозна плата за играч кој има статус на резерва. Дефанзивецот нема одиграно ниту минута од почетокот на сезоната, а последниот меч за Каталонците го имаше на 22 мај 2021 година, кога влезе како замена во второто полувреме против Елче.
Во исто време, од „Сан Сиро“ се надеваат дека ќе го земат Умтити за скромна сума за трансфер и нема да го преоптоваруваат нивниот буџет. Постои опција „росонерите“ да го привлечат прво на позајмица до лето, со опција за откуп.