Искусниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Сократис може да се врати во својот поранешен клуб Милан, каде одигра само пет натпревари во сезоната 2010/11.
Според италијанскиот весник “Тутоспорт”, грчкиот дефнзивец му бил понуден на италијанскиот тим, кој е решен да направи силен летен избор. 30-годишниот Сократис не сакаше да ја промени средината и најави дека сака да остане во Германија, но неговиот договор со Борусија истекува на крајот од следната сезона.
И германскиот клуб сака да го задржи фудбалерот и најверојатно ќе му понуди нов договор со подобри финансиски параметри.