Двата милански гиганти Милан и Интер ќе влезат во битка за потписот на крилото на Челзи Педро, тврди весникот „Експрес”.
И двата тима гледаат во лицето на шпанскиот ветеран одлично решение на проблемите на офанзивен план и ќе конкурираат за негово привлекување.
Ова е уште една лоша вест за „сините”, кои се очекува во текот на летото да добијат конкретна понуда од Реал Мадрид за нивната голема ѕвезда Еден Азар, кој во моментов се јавува како топ трансферна цел за Зинедин Зидан.
Педро игра на „Стемфорд Бриџ” од сезона 2015/2016 и генерално во сите години до сега има важна улога за најдобри резултати на тимот. Во оваа сезона тој одиграл 26 натпревари во Премиер лигата и постигнал 8 гола.