Играчот од нападот на Баерн Минхен Томас Милер може да се пресели во Италијанскиот шампионат за време на летниот трансфер период.
Според „Кикер“, Милан и Интер, како и клуб во Англија, се заинтересирани за услугите на 29-годишниот Германец. Според истиот извор, Милер е незадоволен од неговиот статус кај Баварците. Светскиот шампион со Германија не сака да биде менуван често или да игра на занего неприродна позиција.
Во тековната сезона Томас Милер одигра 41 натпревар за Баерн, постигна 9 гола и имаше 14 асистенции.