Милан и Јувентус ја разгледуваат можноста за интересен договор во кој Тео Ернандез и Душан Влаховиќ би можеле да си ги заменат клубовите ова лето. Според „СпортМедијасет“, двата гиганти веќе имале почетни разговори за потенцијален трансфер.
Двајцата играчи би можеле да бидат продадени во летниот преоден рок, бидејќи нивните договори истекуваат во 2026 година, а преговорите за нивно продолжување се во застој. Тео Ернандез е сè подалеку од долгорочните планови на „росонерите“, додека Влаховиќ сè уште не постигнал договор со Јуве за нов договор.
Масимилијано Алегри, кој се враќа на чело на Милан, е голем обожавател на квалитетите на српскиот напаѓач и би сакал да го вклучи во напаѓачката линија.
Во исто време, Јувентус бара елегантно засилување во одбраната, а францускиот бек се смета за одлична опција.
Двата клуба ги ценат своите играчи на околу 30 милиони евра, но разликата во платите би можела да биде пречка за договор. Влаховиќ заработува 12 милиони евра годишно во Торино, сума што Милан тешко би си ја дозволил. Ернандез, од друга страна, сака плата од 6 милиони евра по сезона, што е задоволително за Јувентус.

