Англија и Германија со по четири екипи ќе бидат застапени во елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. Шпанија ќе го има само бранителот на европскиот трон Реал Мадрид.
Три тима во нокаут фазата ќе има Италија. Тоа се Наполи на нашиот Елиф Елмас и составите од Милано- Интер и Милан. Честа на Португалија ќе ја бранат Порто и Бенфика. Франција го има ПСЖ а Белгија најпријатното изненадување, Клуб Бриж.
Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е закажана за 7. ноември. Првите мечеви ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари а реваншите на 7, 8 14 и 15 март.