Во скоро време, зделката за новиот закуп на Брахим Диаз од Реал Мадрид во Милан ќе биде затворена. Според извори од клубот, 21-годишниот шпански офанзивен играч за врска сака да игра само во Милано, а двата клуба наводно се пред договор за новиот наем.
Италијанскиот клуб успеал да вклучи во договорот клаузула за можно откупување на играчот за 25 милиони евра. Во исто време, Реал Мадрид ќе има можност за ре-откуп за 30-31 милиони евра.