Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милан и Тотенхем по 12 години повторно во 1/8 финална пресметка
    Фудбал

    Милан и Тотенхем по 12 години повторно во 1/8 финална пресметка

    risteBy riste14/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Милан и Тотенхем вечерва на „Сан Сиро“ во Милано од 21 часот го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

    Росонерите се седумкратен европски клупски шампион, но во последните години се далеку од нивните славни денови. Титулата освоена во Серија „А“ минатата сезона ја врати насмевката на навивачите кои сонуваат за нешто повеќе на меѓународна сцена.

    Избраниците на Стефано Пиоли од стартот на календарската година имаа серија слаби натпевари, но викендов ја прекинаа лошата серија со минимален успех против Торино (1:0). Пред тоа, тимот беше елиминиран од Купот на Италија против истиот противник и беше поразен со 0:3 од Интер во дуелот од Суперкупот.

    Милан нема играно во елиминациите од Лигата на шампионите од 2014 година, кога беше елиминиран во осминафиналето од Атлетико Мадрид со вкупен резултат 1:5. Генерално, Милан беше елиминирани во оваа фаза на 5 од нивните последни 6 настапи во Лигата на шампионите, вклучително и од Тотенхем во 2011/12.

    Италијанскиот гигант повторно ќе остане без некои од своите главни играчи кои се повредени. Романецот Ципријан Татарушану ќе биде на голот, но се надеваме дека стартниот голман Мајк Менјан ќе биде подготвен за реваншот. Фикајо Томори се опорави од повредата и ќе го формира одбранбеното трио заедно со Пјер Колулу и Симон Кјаер. На двете крила, Пиоли ќе се потпре на Давиде Калабрија и Тео Ернандез, Сандро Тонали и Раде Круниќ ќе играат на средината на теренот, а Рафаел Леао и Браим Дијаз ќе му помогнат на напаѓачот Оливие Жиру.

    Тотенхем пристигна во Милано по тешкиот пораз со 1:4 против Лестер Сити. Играчите на Тотенхем не успеаја да ги продолжат добрите игри по победата над Манчестер Сити и повторно дадоа причини за критики. Тимот на Антонио Конте сега има за цел да направи уште еден незаборавен настап во Лигата на шампионите, каде што стигна до финалето во 2019 година под водство на Маурисио Покетино.

    Конте има многу добар биланс против Милан. Поранешниот тренер на Јувентус и Интер има 8 победи од последните 9 натпревари против Росонерите.

    Но, вечерва тој ќе биде без услугите на голманот Уго Лорис, Родриго Бентанкур и Пјер-Емил Хојберг. Во одбраната ќе се врати Кристијан Ромеро, а тројца напаѓачи ќе бидат Хари Кејн, Дејан Кулушевски и Хјун-Мин Сон.

    Веројатни состави:
    МИЛАН (3-4-2-1): Татарушану; Колулу, Кјаер,Томори; Калабрија, Круниќ, Тонали, Т.Хернандез; Б. Дијаз, Р.Леао и Жиру.
    ТОТЕНХЕМ (3-4-2-1): Форстер; Ромеро, Е.Даер, Б.Дејвис; Емерсон, Сар, Скип, Перишиќ; Кулушевски, Сон и Кејн.

    СУДИJА: Шерер (Швајцарија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.