Милан ќе се обиде да привлече во јануарскиот преоден некој меѓу двајцата напаѓачи на Ливерпул Дивок Ориги или Даниел Стариџ во случај враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот да пропадне, тврди „Газета дело Спорт”.
Швеѓанецот е главната трансфер цел на тимот, но неговото враќање на „Сан Сиро” може и да не се случи поради фактот дека неговото семејство е исклучително среќно во Лос Анџелес, неговата сопруга, па и двајцата негови синови, немаат желба да одат во Италија.
Јирген Клоп ги користи двајцата напаѓачи првенствено како резерви, па нема да е никаков проблем за тимот од Милано да привлече барем еден од нив во својот состав, било да е тоа со позајмица или пак за постојано.
Други опции за Милан вклучуваат враќање на Алесандро Пато и Педро Гилерме од Флуминенсе.