Обвинителството во Милано отвори истрагата за финансиска измама против претседателот на Интер Ерик Тохир и поранешниот генерален менаџер на Милан, Адријано Галијани. Веста најпрво ја објави весникот „Кориере дела Сера“, а ја потврдија повеќе извори.
Сомнежите се поврзани со трансферите на играчите во последните неколку сезони. Се претпоставува дека исплатените суми биле вештачки надуени со цел да се направи финансиски баланс.
Слична истрага беше спроведена и против Милан пред 10 години. Тогаш се посомневаа во врска со финансиските документи за 2003-04 година, но раководството на „росоњерите“ беше ослободено од вина.