Шпанскиот напаѓач во екипата на Челзи, Алваро Мората, е трансфер цел на Италијанскиот тим Милан.
Ова беше објавено од познатиот новинар, Џанлука ди Марцио кој доста добро е упатен во трансферите на големите екипи од Италија. Според неговите извори, прашањето за привлекување на Мората веќе било дискутирано во Лондон од страна на генералниот директор Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели.
Истите извори тврдат дека самиот Мората сака да се врати во Италија. Милан исто така ја разгледува можноста да го ангажира и Гонзало Игуаин, кој може да си замине од Јувентус откако беше привлечен Кристијано Роналдо.