Милан е подготвен да се раздели со дефанзивецот Рикардо Родригез ако добие 34 милиони евра.
Вчера, имаше информации дека Швајцарецот го бара Арсенал, но понудата на оваа екипа беше одбиена. Сепак, преговорите меѓу двете страни ќе продолжат.
Лондончани сакаат да ангажираат играч на левата бековска позиција пред да биде затворен овој трансфер период. Тимот има проблеми на ова апозиција откако Сеад Колашинац и Начо Монреал заработија повреди.
Затоа во Арсенал гледаат во Родригез, но ќе мора да ја подигнат својата понуда доколку сакаат да го убедат италијанскиот тим да се раздели со својот фудбалер.