Милан ќе го привлече 21-годишниот Алжирец, Исмаел Бенасер, кој моментално игра во Емполи и стекнува искуство во Серија А.
Играчот од средниот ред ќе биде купен од Милан за 16 милиони евра плус 1 милион во вид на бонуси во зависност од настапите. Договорот е одличен за Емполи, кој го привлече Бенасер летото 2017 година за само еден милион евра од лондонскиот Арсенал. Играчот играше 38 натпревари минатата сезона, а имаше три асистенции.
Бенасер во моментов игра за Алжир на Купот на Африкански нации во Египет, ги одигра трите натпревари против Кенија, Сенегал и Танзанија во групната фаза.