Милан е во напредни преговори со Челзи за фудбалерот од средниот ред, Тиму Бакајоко, а според „Скај Италија“ договорот меѓу двата тима е прашање на време. „Росонерите“ бараат начин да го засилат средниот ред, а поранешниот играч на Монако не е во плановите на новиот менаџер на „сините“ Маурицио Сари и тој дал “зеленото светло” за неговото заминување.
Доколку се постигне договор, Бакајоко ќе му се приклучи на тимот од „Сан Сиро“ на позајмица, со опција за постојан трансфер. Причината за ова е тоа што Милан имаше сериозни проблеми со финансискиот фер игра.