Милан одлучи да го врати во Челзи позајмениот играч Тиемуе Бакајоко откако ќе заврши неговата позајмица на крајот на оваа сезона, објавија медиумите во Италија.
Фудбалероит од средниот ред беше казнет со 90.000 евра од клубот, бидејќи тој задоцнил на денешниот тренинг цел час. Однесувањето на Французинот во текот на изминатите неколку недели го натера Милан да ја разгледа висината на клаузулата за откуп на играчот од 35 милиони евра.
Сепак, има мали шанси за Милан да го задржи Бакајоко ако тимот успее да се пласире во Топ 4, а со тоа игра во Лигата на шампионите следната сезона.